John MacGregor се смета за татко на денешното кајакарство. Тој е шкотски адвокат кој во 1865 година го конструира првиот туристички кајак врз основа на описот на ескимските кајаци и бил прв промотер на кајакарството во светот.
Првиот изграден кајак бил долг 457 >и широк и според димензиите е многу сличен на денешните кајаци за диви води. Таков кајак, чува Ројалниот Кану Клуб Canoe Club во Англија, кој е основан во 1866 година и се смета за најстар кајкарски клуб на светот. MacGregor својот прв кајак го нарекол Rob Roy, по јунакот на истоимениот романт Walter Scott. Тоа име се користи години покасно за чамци од тој облик, како во Европа, така и во Америка.
Првата кајакарска регата е одржана во 1867 година на Темза и била организирана од Кану Клуб од Лондон (во 1875 година, кралицата Викторија издала одобрение да се промени името во Ројален Кану Клуб).Во 1871 година основан е Њу Јоркшкиот Кану Клуб (New York Canoe Club) во Америка каде по пример на индијанските чамци прават кајаци кои се се движат со помош на весла со една лопатка. Чамците се нарачени Канадијци (Canadian) и од 1879 година се појавуваат и во Европа. Во 1880 година е основан првиот кајакарски сојуз, American Canoe Association (AMA). Во 1924 година е основан меѓународен кајакарски сојуз во Копенхаген, International Representantscharf fur Kanusport, скратено IFR, под чие покровителство кајакот станува олимписка дисциплина од 1936 година на Олимписките игри во Берлин. На првиот конгрес после војната, одржан 1946 година во Стокхлом, IRK го менува името во International Canoe Federation (ICF) или La Federation Internationale de Canoe (FIC), а главни јазици на местото од германскиот стануваат англиски и француски.












